Николовски не се гледа себеси како кандидат за премиер

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција на која беше презентиран Е-инспекторот, рече дека не се гледа себеси како кандидат за премиерската функција.
– Утрешните закажани состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание. Се работи за најголемата политичка партија и организација што е демократска, модерна, во којашто и пред неколку месеци имаше непосреден избор за претседател на партијата, имаше само еден кандидат. И доколку сега се одлучи да се отворат истите постапки ќе имаме целосно отворена, транспарентна, демократска постапка во која што во ниту една политичка партија ја нема и каде што секој кој ги исполнува условите ќе може да се кандидира. Јас не се гледам и нема да бидам еден од кандидатите, истакна Николовски во одговор на прашањето дали се гледа како наследник на Зоран Заев на премиерската функција.
Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев во петокот најави дека ќе побара од органите на партијата утре да биде биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да