Николоски тврди дека Заев за јавноста има едни ставови, на преговорите со Софија други
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во разговор за Сител изјави дека а дека Заев на состанок во Бугарија кажал дека ги смета Бугарите и Македонците за ист народ и дека зборуваат ист или сличен јазик.
– Една информација која не е споделена во јавноста. Не знам дали Заев како премиер е свесен дека кога на состанок има повеќе од едно лице на другата страна се водат белешки. На најмалку два состаноци, од кои еден во Бугарија, кажал разговорно дека според него мисли дека Бугарите и Македонците се ист народ и зборуваат ист јазик. За потоа да се коригира во официјалниот дел дека тоа е мислење лично, а не на државата. Не може премиер да има лично мислење, тоа влегува во белешки. Како што видовме од врвниот бугарски интелектуалец кој кажа дека не е точно дека Бугарија ништо не испорачала кон Заев, туку му помогнала да дојде на власт, нагласи Николоски.
Според него, власта треба да ја согледа реалноста и да не крева лажна надеж за датум во октомври.
– Не мислам дека октомври е опција и не мислам дека воопшто треба да се создава лажна надеж кај граѓаните. Затоа што и досега многу пати беше создавана лажна надеж, јас континуирано од 2018 досега говорам дека нема да има датум за почеток на преговори. Но, власта ги игнорираше сите информации, рече Николоски.
Николоски појасни дека во различни периоди од различни причини не добивавме датум, како што беше влегувањето во иста група со Албанија, неспроведувањето на реформи, неспроведувањето на препораките на ЕУ, случајот „Рекет“, француската нова методологија, па бугарската блокада.
– Јавно кажувам октомври да не се става на маса, првата следна опција е декември, но јас сум песимист и за тогаш, затоа што Бугарија ќе има претседателски избори каде Радев ќе трча за втор мандат. Она што мислам дека треба да се прави е да се согледа реалноста. Точно е дека Бугарија стави вето, но точно е дека уште неколку земји членки не се за, но не се ни против. Мене дел од тие земји членки ми го кажуваат тоа. Во вторникот бев во Луксембург се сретнав со министри за надворешни работи и комесарот за проширување, истакна Николоски.
Тој вели дека одлуката за проширување не е единствената која ЕУ ја носи со консензус, и ако земјава ги исполни условите кои им се важи на другите земји, ќе ја принудат Бугарија да ни дозволи датум.
– Постојат три причини зошто има скептицизам – прво е корупцијата, немање на функционален систем на владеење на правото и во делот на безбедносни реформи и имплементација, нагласи Николоски.