Николоски со видео покажа што се гради во Македонија

Вицепремиерот Александар Николоски, воедно и министер за транспорт и врски, на својата Фејсбук страна објави видео од 5 минути кое илустрира што и како се работи во однос на капитални градежни активности и инфраструктура во Македонија.
„Во следниве 5 минути погледнете како интензивно се работи на 3 автопатски делници
1. Прилеп – Битола
2. Тетово – Гостивар (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид)
3. Гостивар – Букојчани (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид)
Напорната работа дава резултати!Одличната координација помеѓу премиерот Христојан Мицкоски, Министерството за транспорт, ЈПДП и изведувачот Бехтел и Енка ги дава првите резултати“, напиша Николоски.