Николоски: Поевтинуваат становите во Битола
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека донесена е одлука за намалување на цената за продажба на станбениот и деловниот простор во Битола во објектите што ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор од значење за Републиката.
Во прилог објавата:
“ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА БИТОЛА!
На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени
65 стана ќе се продаваат по 1.000 евра за метар квадратен
11 дуќани по 2.000 евра за метар квадратен
71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен
Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!
Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи”
Според Народната банка, цените на становите од 2010 година досега се зголемени за 54%. На годишно ниво, цените во третиот квартал од 2024 година се повисоки за 8% во споредба со истиот период лани. Во Скопје, просечната цена на квадратен метар е 1.680 евра, со најниски цени во Петровец (1.090 евра) и највисоки во Центар (1.898 евра).