Ни крвна плазма, ни кислород не успеале – ја спасиле со трансплантација

На виенската Општа клиника АКХ на една 45-годишна пациентка, чии бели дробови откажале од корона вирусот, лекарите ѝ го спасиле животот со трансплантација.
Корона вирусот кај оваа жена, која немала други заболувања, предизвикал толку тежок развој на болеста, што ѝ откажале белите дробови.
Пациентката од Корушка, била приклучена на кислород, а во терапијата била користена и крвна плазма од излечени пациенти, но нејзината сосотојба постојано се влошувала.
Во Европа, до сега, барем не официјално, трансплантација кај пациенти заболени од корона вирус, немало, а два случаи се забележани во Кина.
По трансплантацијата на белите дробови пациентката се опоравува, соопштија од клиниката.