НГ по Софија, го освојува и Белград со изложбата „Простори на конјукција“

По претставувањето во Културно информативниотцентар на Р.С. Македонија во Софија, наредна дестинација на проектот на Националната галерија од областа на меѓународната соработка, „Простори на конјукција“ е македонскиот Културно информативен центар во Белград. Како добар домаќин, директорот на центарот, господинот Васко Шутаров ќе се обрати пред публиката во придружба на Маја Крстевска, претставник на Националната галерија, виш кустос и програмски раководител. Крстевска, на отворањето на изложбата, со особено задоволство ќе ја воведе публиката во контекстот на проектот и ќе ги претстави авторите на уметничката компилација со наслов „Простори на конјукција“ – Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија.
Отворањето на изложбата во македонскиот центар во Белград е закажано за 10 септември 2025 во 19 ч, а истата ќе биде поставена до крајот на септември 2025.
Уметници застапени на изложбата се: Роберт Јанкулоски, Кристина Пулејкова, Велимир Жерновски, Ѓорѓи Десподов, Моника Мотеска, Дарко Алексоски, Методи Ангелов-Мето, Шќипе Мехмети, Ирена Паскали, Михаела Јовановска, Славица Јанешлиева, Ѓорѓе Јовановиќ, Ацо Станкоски, Иванчо Талевски, Жанета Вангели, Верица Ковачевска, Марија Сотировска, Кристијан Јованоски, Мариго Исеинии, Игор Сековски.
Проектот „Простори на конјункција“ јаутврдувауметноста како динамичен простор во кој интимните, личнифрагменти се преплетуваат со колективнитемемории и културниматрици како театар на тензија и симбиоза.
Оваа изложба ги истражувакревкатаграницамеѓумалитеприказни од интимниотсвет на индивидуата и големитенаративи – широка, сложена мрежа на големитеисториски и културнинаративи – концепт што произлегува од Жан-ФрансоаЛиотар и неговатакритика на „метанаративите“.
Низ графика, цртеж, фотографија, видео, објект, колаж, уметниците не само што раскажуваатприказнитуку градат мултимедијалниплатформи во кои секој медиумстанувапосебенканал за конјункција. Различните техники не функционираат само како формалниизбори, туку како активнистратегии за премостување на личното и колективното.
Интригантноиспитување на хомогеноста и нејзиното ограничување низ визуеленјазик кој го провоцирачувството на истоветност во локалната и во глобалнатамеморија. Роберт Јанкулоски и Кристина Пулејкова, на пример, преку фотографија и видео ги отвораатпрашањата за вистинитоста и фикцијата (спекулативноста) во современата визуелна култура.
Велимир Жерновски и Горги Десподов со мануелни и дигитални интервенции (преку материјалноста и тактилноста на објектот кај Жерновски или анимираното видео кај Десподов) креираат алтернативни мапи на меморија – со внимателноконструирани детали и текстурирани површини што ги поттикнуваатгледачите на интимнаархеологија.
Преку методи на фрагментација, цртеж и видео. Моника Мотеска, ДаркоАлексоски и Методи Ангелов-Мето, преку кршење на формата и составување на неочекуванивизуелнихибриди, ја проблематизираат стабилноста на визуелните и меморискитезаписи. Тие дејствуваат на релацијатамеѓуцелината и фрагментот – разградувајќи го наративот за да го изградатодново во форма на „колаж“ или објект што одбиваеднозначночитање.
Преку комбиниранимедиуми и дигиталниманипулации, Шќипе Мехмети и Ирена Паскали создаваатдела што се двоумат помеѓ документ и фикција – евоцирајќи ги кршливите граници помеѓу автентичното и конструираното сеќавање. Мултимедијалноста во овој проект е клучна алатка за продлабочување на критичкото читање, па оттука Михаела Јовановска, преку транспарентноста на медиумот и преку слоевитоста, игра со повторувањето и варијациите – како визуелна метафора за колективнатаистоветност што истовременоунифицира и брише индивидуални траги.
Уметниците стануваат посредници меѓу фрагментите – личните фотосеќавања, гласови или празнини – и нивното вкрстување со меморијата на јавниот простор. Славица Јанешлиева, со својата суптилна работа што комбинира графика, текст, цртеж и објекти, истражува како наративите се распарчуваат и се преобликуваат низ лични архиви. Ѓорѓе Јовановиќ, Александар Станковски и Иванчо Талевски ги користат цртежот и фотографијата за да материјализираат идеи за траење и распаѓање, додека Жанета Вангели и Верица Ковачевска внесуваат чувствителна поетика низ објект и фотографија (видео), при што секоја линија и трага го следипулсот на сеќавањето.
Марија Сотировска и Кристијан Јовановски ги ангажираат текстурираните повторувања (текст, трансформирано сеќавање) за да поттикнат визуелен дијалог за колективната меморија. Игор Сековски, пак, преку скулптурално концентрирана фрагментираност, отвора прашања за дехуманизацијата на колективот за индивидуални цели.
„Простори на конјункција (спојување)“ е повеќеслојна мултимедијална мрежа што инсистира на активен гледач и коавторство. Секој кој влегува во овие простори, влегува во релација со фрагментите – распарченитетраги на интимното, архивирани во материјали што постојано се обидуваат да се спојат во нова целина.
Кураторски тим: д-р Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Неделкоска-Брзанова и Маја Чанкуловска-Михајловска