Невреме ги зафати Хрватска, БиХ и Србија – улиците се поплавени (фото/видео)


Попладнево, повеќе земји од регионот се зафатени од силно невреме со грмотевици, град, силен ветар и обилни количини дожд. Прв на удар беше Сплит во Хрватска, каде поради големото количество дожд кој наврна во кусо време, беа поплавени улиците.

Најмногу дожд наврна во Шибеник, каде се измерени 107 литри на метар квадратен. Невремето со грмотевици предизвика големи проблеми на сплитските улици.

Неколку улици се поплавени, автомобилите на места се под вода, а хрватските медиуми јавуваат дека гром удрил во дрвена бандера во Пујанка.

„Врнеше силен дожд, носен од ветрот, повеќе хоризонтално отколку вертикално. Беше темно небо. Бевме блиску до кафеана и одеднаш видовме молња. Тоа беше многу силен удар. Беше многу гласно. Кога престана дождот, дојдовме таму и ја видовме бандерата. Фала му на Бога што никој не беше повреден. Сега е облачно, но веќе не врне“, вели читател за 24 часа.

Невремето продолжи до Мостар во Босна и Херцеговина, каде беше пропратено со силни налети на ветер, по 15 часот, а поради големите врнежи за кратко време поплавени се градските улици и патишта, што предизвика одредени потешкотии во функционирањето на градот, јавува Кликс.ба.

Медиумите од северниот сосед Србија, пак, јавуваат дека силно влошување на времето пропратено со невреме кое го зафати регионот стигна и до Србија, а во Фрушка Гора веќе падна силен град.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Во градот Равно село кај Врбас небото потполно поцрне, а сцената наликува на сцени од апокалиптични филмови. Судејќи по објавите на социјалните мрежи, небото во Бегеч навестува и невреме што доаѓа.

Исто така, постојано врне дожд во Нови Сад.

На ред е Белград.

РХМЗ предупреди на невреме

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) претходно објави итно предупредување за пороен дожд со грмежи, локална појава на град и невреме во следниот час.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NS Uživo (@nsuzivo.rs)

Според веб-страницата на РХМЗ, предупредувањето е за подрачјето на Срем и Бачка, објавено во 16 часот.

„Во наредниот час во западните делови на Срем, како и на подрачјето на Бачка, локално ќе има обилни врнежи со грмежи, град и засилен, краткотраен и засилен северозападен ветер“, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки институт.