Неофицијали бројки за пописот, Албанците еден отсто помалку од претходниот?
Според неофицијални информации на ТВ21 во Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани, а заедно со дијаспората овој број изнесува 2,1 милион,. што значи дека околу 300.000 лица живеат во странство. Како што пренесе телевизијата, вкупниот број граѓани кои имаат матичен број изнесува 2,5 милиони.
Во однос на етничките заедници во земјава, околу 65 отсто се Македонци, околу 24,7 се Албанци, и 10-12 отсто се припадници на други заедници.
Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62 проценти, Албанците 29,5 проценти, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10 проценти.