Нема место за непотизам на советничката листа на СДСМ во Битола

Венко Филипче се спротивставил на непотизмот во Битола и ја тргна од листата на советници братучетката на кандидатот за градоначалник Методија Куновски.
Синоќа ОО на СДСМ Битола одржа Изборна конференција и ја скрои новата листа на советници за претстојните локални избори. По пишувањата на порталот „Апла“ дека кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола, Методија Куновски, на листата меѓу првите пет го предложил името на неговата блиска родина, Мирјана Захариевска-Ралевска, актуелна советничка, лидерот на СДСМ Филипче, побарал нова коригирана листа во која ќе се исправат „грешките“ кои можат да ѝ наштетат на партијата на локалните избори.
Така, за носител на листата останува актуелниот советник Петар Николовски (вработен во приватен сектор), на второ место е познатаната режисерка Софија Ристевска, па следува актуелната советничка Јадранка Павловска (вработена во ЈП „Стрежево“), четвртото место е за НСДП како коалициски партнер.
Социјалдемократи со кои разговарал порталот „Апла“ велат дека синоќа во Битола имало демократска атмосфера на кроење на листата за разлика од претходниот пат кога поединци ги штителе личните и фамилијарни интереси. Нновата листа за советници се прифаќа како баланс и компромис меѓу членовите на конференцијата за единство на претстојните избори.
Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Битола, поранешниот новинар Методија Куновски, синоќа објави фотографија од изборната конференција и напиша – „Во единството е силата“.