Нема крај на барањата околу пописот


Алијанса за Албанците бара да се повлечат 132 илјади вметнати кои не се попишани на терен, а за печалбарите да се наведат општините каде што живеат.

„Законот за попис на населението предвидува граѓаните да се попишуваат според местото на живеење а не според адресата во матичните регистри. Вкрстувањето на податоците се прави само за лицата кои се попишани на терен и не може да се евидентираат лица кои не се сретнати на терен“, истакна Наим Бајрами.

Во врска со ова, директорот на ДЗС, Апостол Симовски за ТВ21 изјави дека пописот е спроведен со таканаречениот комбиниран метод што подразбира попис на терен и употреба на сите податоци од базата на податоци.

Од Алијансата исто така го обвинуваат ДЗС и за вкупниот  број на население, велејќи дека од објавените резултати околу 400 илјади лица се до 18 годишна возраст, а на листата на гласачи од истата  2021 година  има 1.8 милиони гласачи.

„Ако се соберат гласачите и лицата под 18 години излегува најмалку 2 милиона и 200 илјади жители, а од пописот излегува дека резидентно население и нерезидентно има вкупно 2 милиона и 90 илјади. Само според официјалните податоци недостигаат барем 100 илјади жители“, додава Наим Бајрами.

Во врска со ваквите обвинувања директорот Симовски рече дека пописот и избирачкиот список се две различни нешта. Од Алијансата потсетуваат дека за манипулации со пописот следува затворска казна од 5 години, на што директорот на ДСЗ рече дека за се можат да се обратат до надлежните органи.