Некои си одат, некои се развиваат: Виктор Мизо за заминувањето на две странски компании


 

Ако една или две компании планираат да ја напуштат државата не значи дека другите компании нема да се развиваат и понатаму, или нема да пристигнат нови компании кои преку Македонија ќе дојдат за европскиот пазар, истакна Виктор Мизо, управител на компанијата „Костал“ во одговор на новинарско прашање за коментар за заминување на две странски компании од државата.

Според Мизо, тоа се интерни одлуки на тие компании и затоа не може коментира кои се причините за нивното заминување.

„Од тоа што го имам прочитано тие прават некоја консолидација на своето портфолио на европскиот пазар и како што кажав европската индустрија е во стагнација, но ќе имаме победници, но и компании кои некогаш нема да успеат да се снајдат најдобро во она што се случува во автомобилската индустрија, Но, фактот што ние продолжуваме со инвестирањеи одиме понатаму“, рече Мизо.

Тој додаде дека „Костал“ со дополнителни инвестиции од 30 милиони евра идната година планира да го шири портфолиото како на клиентите, така и на производи.

„Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра и со тоа ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни, нови работни места во овие 200 плус вработени. Тука ќе има нормално работници кои ќе работат во производство, но технички лица кои ќе работат како инженери, но и луѓе во административни дејности. Очекуваме овој развој да биде позитивна вест не само за Охридско-струшкиот регион, туку и за целата државата“, истакна управителот на „Костал“, Виктор Мизо, по посетата на премиерот Христијан Мицкоси на оваа компанија.