Неисправност на хидрантна мрежа и блокирани излези за евакуација најчести проблеми во станбените згради


Украдени противпожарни црева, неисправност на хидрантската мрежа, попречени излези за евакуација со мебел или заградени од страна на станари…. се дел од неисправностите што ги пријавиле управителите на станбените објекти откако од општинските инспекциски служби добија задолжение да достават информација за неопходната противпожарна опрема во станбените згради. 

По истекување на рокот за доставување на податоците од страна на управителите или заедниците на станари, а кои според податоците што МИА ги доби од пет скопски општини, истекува месецов, се очекува инспекторите да извршат контрола на станбените објекти со цел да проверат дали добиените податоци соодветствуваат со фактичката состојба на терен. Потоа, секоја општина, ќе треба да достави записници од извршените контроли до ЗЕЛС и тие потоа ќе може да бидат дадени на увид на јавноста. Ќе им се даде одреден рок на управителите на станбените згради да ги поправат недостатоците и неправилностите доколку се констатираат.

Недостигаат околу 40 инспектори

Ваквите контроли коишто почнаа по иницијатива на ЗЕЛС по пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени, го отвори и прашањето за недостигот на комунални инспектори кои треба да ги има секоја општина. Токму затоа и начинот на проверка се разликува од општина до општина. Некаде инспекторите излегуваат на терен за да ја утврдат фактичката состојба, а во оние општини кои немаат доволни капацитети, тоа се прави преку куќните совети и управителите кои до општината треба да достават информација дали во нивната зграда постои и каква е исправноста на хидрантската мрежа, дали хидрантите поседуваат вентили и хидрантски црева, дали објектите поседуваат противпожарни апарати и дали се проодни противпожаните скали на станбената зграда. 

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Георгиевски во изјава за медиумите откри дека треба да се вработат уште околу 40 инспектори за да може да се постапува соодветно. Контроли, рече Георгиевски, мора да се направат секаде и сите општини ќе си помогнат меѓусебно, а во следниот период ќе се потрудат во секоја општина да биде вработен соодветен инспектор.

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека ако биде кандидат за градоначалник на Скопје, очекува победа уште во првиот круг и дека ова го базира врз по

МИА ги контактираше поголемите скопски општини како Кисела Вода, Аеродром, Карпош, Центар и Чаир од каде доби информации дека контролите се во тек.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески вели дека Секторот за инспекциски работи ги задолжил сите станбени управители и заедници на станари да направат скенирање на состојбата со хидрантите, противпожарните апарати и влезовите и излезите за евакуација, по што им е даден рок од пет дена да достават извештај до општината.

Рокот за достава на податоците во оваа општина истече на 28 март, по што веќе од оваа недела се очекува инспекторот да излезе на терен и да утврди дали податоците соодветствуваат со фактичката состојба. 

– Инспекторот за домување ги задолжи сите станбени управители и заедници на станари да направат скенирање на состојбата со хидрантите, противпожарните апарати, пристапи, односно влезови и излези за евакуација од зградите, дали се ослободени или постојат некакви препреки, со што им беше даден рок на сите станбени управители од пет дена да достават повратен извештај до Општина Аеродром. Тој рок истекува заклучно со 28 март, по што по добивање на податоците од станбените управители и заедници на станари, инспекторот ќе излезе на терен за да ги инспектира станбените податоци, вели Митески за МИА.

Од Општина Кисела Вода велат дека и на територија на оваа општина интензивно се вршат инспекциски надзори во станбените згради, кои се во согласност со Законот за домување и Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради.

а време на полицискиот час, на територија на Општина Кисела Вода, ќе работат неколку деловни субјекти кои се занимаваат со достава на храна и лекови, соопштија од Општина Кисела Вода.

– Во врска со евидентираните нерегуларности, се контактираат управителите на станбените згради, односно претседателите на заедницата на сопственици при што се бара од истите да свикаат собир на сопственици на кој ќе се запознаат сопствениците со укажаните нерегуларности и од страна на овластениот инспектор за домување им се дава рок за отстранување на неправилностите. По завршување на тој рок, станбените згради ќе подлежат на дополнителна проверка за да се утврди дали се усогласиле со законските прописи, посочуваат од Општина Кисела Вода.

Од Општина Центар за МИА информираат дека Секторот за инспекциски надзор спроведува акција за превенција и проверка на средствата за противпожарна заштита при што сите заедници на сопственици и управители на станбени и станбено-деловните објекти на територијата на општината потребно е во писмена форма во рок од седум дена, почнувајќи од 24 март  да достават писмено известување за тоа дали во нивната станбена зграда постои и каква е исправноста на хидрантската мрежа, дали хидрантите поседуваат вентили и хидрантски црева, дали објектите поседуваат противпожарни апарати и дали се проодни противпожаните скали на станбената зграда.

– Во рамки на работите на тековно и инвестиционо одржување на станбените згради, заедниците на сопственици или управителот потребно е да преземе активности за
одржување, поправка и замена на хидранти, хидрантски црева и други хидрантски делови, набавување на ПП апарати и обезбедување на функционалност на противпожарните скали во зградата, велат од Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во изјава за МИА нагласува дека интересот кај граѓаните е голем и дека ваква контрола била направена и во 2022 година.

Кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевчо Јакимовски најави бесплатен превоз на граѓаните од населените места Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот „Партизански одреди“.

– Ние почнавме со контроли пред ЗЕЛС да донесе било каква одлука, а ние таква контрола сме направиле и во 2022 година. Одѕивот по станбените згради е извонреден. Треба да исконтролираме речиси 1.500 влезови, а ние досега имаме преку 300 влезови, меѓутоа интересот е голем и кај самите граѓани, вели Јакимовски.

Во изјава за медиумите дадена минатата недела Јакимовски  информира дека во неговата општина само во една зграда состојбата одговара согласно законот. 

– Општина Карпош има 820 згради и околу 1500 влезови. Досега одговориле 330 и уште 259 се јавиле на нашите телефони за дополнителни инструкции. Има 41 противпожарен апарат. Во 18 станови има исто така противпожарни апарати, има апарати за СО2 за гасење на пожар од електрична инсталација, има еден специјален систем за гасење пожари и панични светла итн. Само една зграда во Карпош е онака како што треба, како што бара законот, а тоа е зградата на Адора. За жал, за другите не можеме истото да го кажеме, рече Јакимовски.

И во општина Чаир се започнати контролите за безбедност на станбените згради, вклучително и проверка на хидрантните мрежи и противпожарните апарати. Како што велат од Општината, во оваа фаза се собираат податоци од управителите на куќните совети.

– Овластениот инспектор за домување е во комуникација со управителите на куќните совети и во одреден рок се собираат потребните податоци, велат од Општина Чаир.
 
Првично утврдени низа нарегуларности околу опремата во станбените згради

Од досегашните извршени инспекциски контроли во овие пет скопски општини најголем дел од нерегуларностите биле констатирани во однос на дефекти на хидрантската мрежа, немање противпожарни апарати, попречени влезови и излези за евакуација… Со подетални информации околу тоа во колку станбени објекти недостасува заштитната опрема и што друго недостасува за заштита од пожари, општините ќе излезат по извршените контроли.

– Граѓаните имаат поплаки и веќе доставуваат информации до нас како институција. Во најголем дел поплаките се однесуваат на украдени противпожарни црева, неисправност на хидрантската мрежа, односно дефекти и попречени излезени за евакуација попречени со мебел, со ствари, некаде и заградени од страна на станари. Тоа се трите најчести проблеми со кои се соочуваме односно ги добиваме како информација од сопствениците на станови, вели градоначалникот на Општина Аеродром.

Во Општина Кисела Вода најголем дел од нерегуларностите се во врска со немање противпожарни апарати и нефункционална хидрантна мрежа.

– Оваа нерегуларност најчесто се констатира кај постарите станбени згради. Ова не е случај со новите станбени згради каде скоро и да не се констатирани неправилности во врска со тоа прашање, велат од општината.
 
Во Општина Карпош најголем дел проблемите се недостиг на ПП апарати и хиндрантски мрежи.

Генералниот секретар на Владата од 2013 година Кирил Божиновски, ми рече земи ја книгата ,,Зоки Поки
Од Општина Центар не посочија што недостасува во станбените објекти од опремата за заштита од пожари. Потенцираат дека од спроведената акција и дополнителната инспекција на терен, податоците ќе бидат предадени на соодветните служби за оние станбени згради каде ќе бидат утврдени неправилности кои нема да бидат отстранети во одреден рок.    

Општина Чаир, во тек на полицискиот час за викендот што следи ќе им асистира на граѓаните за транспорт на лекови, инфомираат од оваа скопска општина.
И од Општина Чаир не посочуваат дали досега се утврдени неправилности, затоа што, како што велат, уште траат инспекциските контроли. По завршувањето на анализата и добиените информации од состојбата на терен, ќе се објават детални информации за констатираната состојба вклучително и  нерегуларностите онаму каде што ќе се најдат. Доколку се утврдат прекршувања на Законот за домување, велат од оваа општина, ќе следуваат соодветни санкции.

Фатиме Фазљији

Андреја Ристески