Негувателката од Велес која им давала електронски цигари на децата доби забрана за работа во професијата
Основниот суд во Велес постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство, донесе првостепена пресуда против негувателка во градинка која им давала електронски цигари на децата.
-Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од пет години по правосилноста на пресудата. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради одлуката за кривичната санкција, соопшти денеска Јавното обвинителство.