„Не ти е срам да се пишиш Бугарин“: Обвинителството со детали за тепањето во Охрид


 

По различните информации што навистина се случувало во Охрид кога беше претепан секретарот на бугарскиот клуб надлежниот јавен обвинител која ја започна истрагата даде малку светлина во случувањата. Тој побарал до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид доставил предлог за определување мерка притвор за 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело тешка телесна повреда нанесена врз Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот донесе Основното јавно обвинителство Охрид.

„На 19 јануари, во кафе-бар во Охрид, осомничениот пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите ‘не ти е срам да се пишиш Бугарин’ и се оддалечил. Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе-барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот“, соопшти државното Јавно обвинителство. 

Пендиков попладнево со бугарски владин авион беше пренесен на лекување во болница во Софија, а настанот предизвика лавина реакции во Бугарија. Него го осудија макоедонските државни раководители.  Пендиков во Софија ќе се лекува во Военомедицинската академија, а според зборовите на заменик-министерот за здравство, Александар Златанав, состојбата му била сериозна, но не и животнозагрозувачка.