Не сакала да се мажи за него, ѝ се заканил дека ќе пушти компромитирачки видеа


 

Кумановец кој сакал да се ожени со една девојка, откако таа го добила, ѝ се заканувал дека компромитирачки видеа ќе прати до нејзините роднини и пријатели. Полицијата поднесе кривична пријава против него за „уцена“.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Пријавениот, во временски период од 2019 до 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената во кој период без нејзино знаење направил снимки со компромитирачка содржина, по што во април 2020 година, откако ја одбила неговата брачна понуда, истиот и се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели, праќајќи и притоа две снимки, заканувајќи се дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи.