НБА: Голден Стејт ја прекина победничката серија на Феникс
Серијата на кошаркарите на Феникс од 18 последователни победи во НБА лигата дојде до својот крај на гостувањето синоќа кај Голден Стејт.
Домашните кошаркари предводени од Стив Кари (23 поени) и Ендрју Виџинс (19) триумфираа над „непобедливиот“ Феникс со 118:96.
Најефикасен во редовите на Феникс беше Деандре Ејтон со 23 поени, а за гостите ова беше прв пораз од 28 октомври.
Резултатите од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:
Јута – Бостон 137-130
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 115-119
Далас – Њу Орлеанс 91-107
Индијана – Мајами 104-113
Вашингтон – Кливленд 101-116
Атланта – Филаделфија 96-98
Бруклин – Минесота 110-105
Хјустон – Орландо 118-116
Голден Стејт – Феникс 118-96.