Назначени директори на КИЦ во Истанбул, Загреб и во Белград
Владата на Република Северна Македонија на денешната трета седница донела одлука за именување нови кадри и разрешување од должност на национални координатори.
Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Република Турција.
Мими Ѓоргоска Илиевска, пак на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска.
На предлог на министерот за култура, како што се наведува во соопштението, Васко Шутаров, се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Белград, Република Србија.
Роберт Алаѓозовски, поранешниот министер за култура, денеска е разрешен од должноста Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка,