Навални: Оваа војна мора да се запре!

„Оваа војна мора да се запре“, изјави денеска затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални на четвртиот ден од неговото судење во Москва.
„Сметам дека оние кои ја покренаа оваа војна се бандити и крадци… Мислам дека оваа војна е дизајнирана да го одвлече вниманието од проблемите на Русија и само ќе доведе до поголемо осиромашување“, рече тој, додавајќи дека сака оваа изјава да биде во судската евиденција.