Научниците тврдат: Јодот помага во борбата против корона вирусот
Научниците од САД дојдоа до откритие дека јодот може да помогне кога е во прашање борбата против корона вирусот.
Јодот го има во алгите, кујнската сол и морските риби.
Главниот истражувач на компанијата СИАК, д-р Гери Ворен, во својот труд објавен во публикацијата „Research“ објасни дека максималните препорачани дневни дози доведуваат до смрт на келиите заразени со коронавирусот, а со тоа се спречува и ширењето на вирусот.
Препорачаната дневна доза јод во организмот е од 1,5 до 2,4 мг по лице, а секако тоа зависи од телесната тежина. Колку повеќе луѓе внесуваат поголеми количини јод во организмот, можноста за пренос на корона вурсот значително може да опадне. Со самото тоа и смртноста би опаднала.
Интересно е дека некои држави како Виетнам, Тајланд и Филипни, веќе почнале да го даваат јодот како дополнително средство за заштита од корона вирус кај медицинарите. Секако, ова е само додаток на задолжителната заштитна опрема, маски, ракавици, скафандери и друго.