Научниците пронајдоа нов дел во човековото тело


 

Група швајцарски научници пронајдоа нов дел во човековото тело. Се работи за трет слој мускули во долната вилица кој досега не бил забележн.

Можно е да се забележи кога се стегнати забите и прстите да се стават на образ, а неопходни се за џвакање на храната. Овој слој мускули е откриен во истражување објавено во научното списание „Анали на анатомијата“.

Досеге не биле идентификувани, односно не било разгледувано дали воопшто постои трет слој мастерични мускули.

Во истражувањето се користени 12 глави на човечки тела од починати, кои биле чувани во формалдехид, а кои потоа се сецирани. Со скенирање прегледани се 16 лешеви од луѓе. Освен тоа со магнетна резонанца прегледани се глави на живи луѓе.

Откритието за научниците било запрепастувачко. Како што изјави еден од истражувачите, професор на Универзитетот во Базел, Јенс Кристоф, тоа го доживеале како откривање на нов жив вид. Според д-р Силвија Мацеј, која го продводела истражувањето, овој дел од мускулите веројатно ја стабилизира долната вилица и овозможува да се вража кон увото.

Ова откритие е показател колку човекот не ја познава анатомијата, пишува „Ерусалим пост“.