Научен собир за Јован Павловски – 85 години од неговото раѓање и 65 годишната творечка дејност
Собирот е во организација на Институтот за македонска литература, а ќе зборуваат Катица Ќулавкова, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Наташа Аврамовска и Гоце Смилевски

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, во среда (12 октомври) во 12 часот, во просториите на ИМЛ, ќе ги одбележи двата јубилеја на македонскиот истакнат писател, поет, раскажувач, енциклопедист и публицист Јован Павловски: 85 години од неговото раѓање и 65 годишната творечка дејност.
Собирот ќе го отвори претседателката на Организациониот одбор проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева од ИМЛ, а за творештвото на Павловски ќе зборуваат акад. Катица Ќулавкова (МАНУ) на тема „Поетското творештво на Јован Павловски видено низ призма на неговите митски, историски и поетски слики“, проф. д-р Наташа Аврамовска ќе зборува за романот „Град, години, луѓе“ на Павловски во излагањето со наслов „Правта и ѕвездите“, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева на тема „Романескниот опус на Јован Павловски“и проф. д-р Гоце Смилевски ќе зборува на тема „Роман за еросот, отуѓеноста и општествената ентропија: ‚Сок од простата‘ од Јован Павловски“.
Како поет, раскажувач, романсиер, писател за возрасни, писател за деца и млади, хроничар – документарист, енциклопедист и публицист, Јован Павловски создаде богат и разновиден опус, кој има свое значајно место во летописот и тековитена современата македонска литература.Дебитираше со стихозбирката Август во 1961 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: Медеја, Идентитет, Ментален простор, Одработен страв,Строгоста на живеењетои други. Автор е на романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, Сок од простата, Проверка на слободата, Град, години луѓе и други. Павловски има објавено и повеќе документаристички дела, меѓу кои: Блиско сонце, Гемиџиите, Ѕвездена прашина, Огнено семејство – Спомени на Лика Чопова,Ние на Татковината ѝ должиме сé, а таа нам ништо!,Судењата како последен пораз, Кажувања,како ипублицистичките:Бев со нив,Од онаа страна на границата, Од првична идеја до држава (коавтор: Мишел Павловски) и други.
За своето дело Јован Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: „Климент Охридски“, Рациново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус, „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, „Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ на град Тетово, „13 Ноември“ наГрад Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“. Неговото творештво е преведено на повеќе од 20 јазици во свето