НАТО знаел од октомври дека Путин ќе ја нападне Украина


Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вечерва на Си Ен Ен соопшти дека во Алијансата уште од октомври имале информации дека Русија подготвува воена интервенција на Украина и дека се убедувале да ја спречат со дипломатски сретства.

Столтенберг немаше одговор на заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека, секој што ќе се обиде да и помогне на Украина, ќе се соочи со последици какви што не биле видени досега, практично заканувајќи им се на земји членки на НАТО со нуклеарна војна, што водителката Кристијана Аманпур го нарече „лудило“. Столтенберг не одговори ништо конкретмо ни на прашањето како ќе одговори на апелите од Украина да и помогнат, укажувајќи дека изминатите години Алијансата работела на подобрување на подготвеноста и обученоста на украинската армија. 

Инаку Столтенберг денес најави дека НАТО нема да земе директно учество во војната бидејќи Украина не била земја членка, иако не беше ни Ирак, ни Авганистан а организираа мисија таму.