Натепани тројца во Аеродром и ограбена една фирма


Фото: Б. Грданоски

Во три одделни инциденти во Аеродром натепани се 19-годишник, постари сопружници, а управител на фирма пријавил кражба.

Имено, во саботата, во 3.40 часот во СВР Скопје, М.С.(19) од Скопје пријавил дека околу 2.30 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од С.С.(30) од Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден, во 13  часот во СВР Скопје, Б.Д.(65) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот сопруг П.Д.(69) биле физички нападнати од Б.Н.(39) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 18.20 часот во СВР Скопје, В.Б.(33) од Скопје, во својство на управител, пријавил дека на 17/18.01.2025 година во временски период од 22.00 часот до 09.45 часот од угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром, непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат од објектот одзел роба, пари и други предмети. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.