Натепани малолетници во Битола и во Прилеп – во Гостивар еден прегазен
Тројца малолетници настрадале во последното деноноќие. Двајца биле натепани, а еден бил прегазен со возило.
Имено, И.И.(40) од Прилеп вчера во 8 часот, во ОВР Прилеп пријавил дека во близина на старата автобуска станица неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.
М.М.(46) од Битола, пак, денеска во СВР Битола пријавила дека на вчера околу 21 часот на ул.„Јорго Османо” во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
Денеска во 11 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„ЈНА“ патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(70) од Гостивар удрило во малолетен пешак од село Речане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар . Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.