Насилно влегол во планинарскиот дом Караџица и го запалил
Непознат сторител со употреба на физичка сила и погоден алат влегол во планинарскиот дом „Караџица“ во селото Црвена Вода, скопско, и предизвикал пожар, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Известен бил јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според искуството, ваквите пожари се дело на урбаната мафија кога „расчистува“ терен за градење.