Народната банка го објави извештајот за работењето од 2018 до 2025 година


Фото: Б. Грданоски

Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, кој ги сумира клучните активности, политики и постигнувања во време на сериозни глобални и домашни економски предизвици.

Во обраќањето, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска нагласува дека институцијата успешно одговорила на последиците од пандемијата, енергетската и инфлациската криза, како и на зголемените геополитички тензии. Таа посочи дека денарот останал стабилен, девизните резерви се удвоени, а банкарскиот систем е во најдобра состојба досега – со највисоко ниво на капитална адекватност и најниско ниво на нефункционални кредити.

Фото: НБРСМ

Во извештајот се издвојуваат и неколку стратешки достигнувања: членство во највисокиот статистички стандард на ММФ – СДДС плус, позитивна оцена од ЕК за банкарската супервизија, приклучување во европскиот платен систем СЕПА, воведување на финтек и климатски стратегии и првата национална стратегија за финансиска писменост со фокус на младите, жените и ранливите категории.

Народната банка е прворангирана во светот според родова застапеност во централно-банкарскиот сектор, покажуваат податоци на ОМФИФ. ММФ, пак, ја оценува како високо транспарентна институција.