Наредено вештачење на пронајдената бомба во Прилеп


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во кафе бар „Кафе Ин” во Прилеп каде вчера околу 23:30 часот во саксија за цвеќе беше пронајден предмет, налик на бомба.

-Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба што по наредба на јавен обвинител е подигната, обезбедена и испратена на вештачење. Истовремено, издадени се насоки и наредби за целосно расчистување на настанот, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.