Напад со нож во Франција, убиени двајца седум ранети

Во напад со нож еден маж утрово во Романс сур Исер, на југоистокот на Франција, уби две лица и рани седум, по што е приведен, се дознава од извори блиски на истрагата.
Според тој извор, едно лице од ранетите е во животна опасност.
Напаѓачот ги избодел жртвите во продавница и на улица пред да биде уапсен.
Државното антитерористичко обвинителство го проценува случајот.
Среде епидемија од корона вирус во Франција на сила се мерки за ограничување на движењето.
Истрагата за овој случај ја презеде полицијата на Лион.