Намерно се забиле со автомобил во народ


Автомобил во кој заедно со возачот имало уште петмина се залетал во група луѓе на улица во германскиот град Минхен, во средата, а полицијата верува дека се работи за намерен напад.
Шестемина во автомобилот потоа ја нападнале групата луѓе во која се залетале.
Три лица се повредени или од ударот на автомобилот или во подоцнежното туркање.
„Неколку факти укажуваат на тоа дека луѓето вклучени во инцидентот се познаваат“, вели портпаролот на полицијата додека хеликоптер го надлетувал градот.
Напаѓачите успеале да побегнат, а полицијата го затвори целото подрачје и покренала истрага.