Најмалку пет повредени во руски напади врз Одеса
Најмалку пет лица се повредени во интензивните воздушни напади на руската армија извршени ноќеска врз украинскиот пристанишен град Одеса, соопштија официјални претставници.
Според информациите од локалните власти, во нападите биле нападнати неколку делови на градот, при што биле погодени станбени згради. Ракодителот на воената администрација, Сергеј Лисак, преку „Телеграм“ информираше дека нападите предизвикале значителна материјална штета.
Украинските воздухопловни сили претходно алармирале за можни напади со руски беспилотни летала во регионот.
Во нападите директно е погодена една висока станбена зграда, при што се уништени три ката. Постојат стравувања дека се уште има луѓе затрупани под урнатините. Спасувачките служби се на терен и работаат на расчистување и спасување.
Напади имаше и претходната ноќ, кога исто така се забележани напади врз станбени објекти, при што беа повредени три лица.