Најмалку 90 лица под урнатини на една зграда во Индија


Најмалку 90 луѓе, меѓу кои има и деца, останаа заробени под урнатините на зграда со 40 станови што се урна во индискиот град Махад, јужно од финансискиот центар на Мумбај, соопшти полицијата.

Властите соопштија дека спасувачите успеале да извлечат 28 лица, а сè уште не е потврдено дали има загинати или повредени.

На фотографиите од самото место се гледа дека петкатниот станбен комплекс со 40 станови е целосно уништен.

Причината за уривањето на зградата, што се случи за време на силен монсунски дожд, сè уште не е позната, но се појавија контрадикторни информации за тоа колку години е стара.

Според некои, таа била изградена пред шест години, додека други тврдат дека зградата е стара 60 години, пренесува „Хиндустан тајмс“.