Најмалку 50 мртви во торнадо во Кентаки


 

Разорно торнадо го погоди западниот дел на Кентаки, САД однесе најмалку 50 човечки животи, соопшти гувернерот Енди Бешар, јави Еј-би-си њус.

Се очекува бројот на жртви да порасне на 75 до 100 луѓе, со што ова се смета за најтешка ноќ во историјата на Кентаки.

Едно торнадо разорило површина поголе аод 300 кимолетри, при што ги уништило градовите Мејфилд и Принстон доцна навечер во петокот. Најмалку уште четири торнада поминале низ западниот дел на државата.

Бешар ја активира националната гарда да ги пребаруваат остатоците и да спасат што е можно повеќе луше.

„Ќе го надминеме ова, ќе се изградиме одново. Силни сме, отпорни луѓе“, рече Бешар на прес-конференција во 4 часот утрово.

Торнада се потврдени и во Принстон, Кентаки што се случиле нешто по 10 часот навечер.

Во централниот дел на земајта пак, има предупредување за силни снежни врнежи.