Најмалку 15 загинати, 75 повредени во стампедо на стадион во Мадагаскар


Најмалку 15 лица загинаа, а 75 се повредени во стампедо на стадион по воената парада во главниот град на Мадагаскар, што се одржа вчера по повод независноста.

Министерот за одбрана, генерал Ричард Ракотонирина изјави дека засега не е познато како дошло до стампедото.

Како што пренесуваат медиумите, луѓето се втурнале да влезат на стадионот, а била отворена само една помала врата.