Најлошите датуми во септември што ќе ги донесе ретрограден Меркур


Ретроградниот Меркур е тука, а нема сомнеж дека неговото влијание ќе го почувствуваат сите хороскопски знаци. Сепак, овој период ќе биде потежок за надминување на неколку знаци, а ќе трае до 2 октомври.

Датумите на кои треба да внимаваме во септември носат големи проблеми, недоразбирања и ризици кои може да нè чинат скапо. Значи, еве кога и на што треба да обрнете посебно внимание:

10 септември

Меркур до 2 октомври ќе се движи во спротивна насока, а во тој период ќе се соочиме со различни потешкотии на полето на кариерата, бизнисот и финансиите. Астролозите предупредуваат дека посебно внимание треба да се посвети на самиот преоден ден, односно до 10 септември. Тогаш никогаш не ризикувајте ништо со вашите пари, бидејќи загубите се речиси сигурни.

Бидејќи Меркур е планетата на комуникацијата, многу е веројатно дека во овој период ќе имате недоразбирања почесто од вообичаено. Можно е и ширење на некои гласини и невистини, затоа верувајте само на проверени факти. Покрај тоа, не се препорачува патување на споменатиот датум.

За да биде ситуацијата уште покомплицирана, на 10 септември ќе се случи уште еден негативен настан – полна Месечина во знакот Риби. Ова е многу неповолна ситуација која создава внатрешен дисбаланс. Ќе ви биде многу тешко да ги завршите обврските тој ден.

26 септември

Тогаш Меркур е во конјункција со Венера. Кога овие две планети ќе се најдат на иста страна од Земјата и ќе се поврзат, неизбежно се случуваат големи неволји во сите области на животот. Повеќето тогаш ќе се чувствуваат како да ја губат волјата за работа, напредок и создавање. Огромна е можноста кај вас да се развие незадоволство, но и апатија.