Најкрвавиот напад некогаш, го изведоа деца
Крвавиот колеж што овој месец се случи на североистокот на Букрина Фасо, а во кој се убеини повеќе од 130 луѓе, го извеле деца на возраст од 12 до 14 години.
Според извештајот на владата на таа земја и Обединетите нации, чии делови пренесува „Гардијан“, напаѓачите упаднале во селото Солхан ноќта на 4 јуни, пукале во жителите и им ги спалиле куќите. Тоа бил најлош напад во последните неколку години откако на тоа подрачје има опасност од џихадисти поврзани со Ал Каеда и Исламска држава.
Портпаролот на владата на Буркина фасо, Усени Тамбура, вели дека повеќето напаѓачи биле малолетни, односно дека се работи за деца, што предизвика осуда од ОН, пренесе Јутарњи.
„Најостро го осудуваме регрутирањето деца од страна на вооружени паравоени групи. Ова е сериозно кршење на нивните основни права“, соопшти УНИЦЕФ.
Надлежните на северот на Буркина Фасо. каде џихадистите контролираат големи подрачја, велат дека исламистичките групи ги користеле децата војници и во текот на минатите години, но дека овој последниот напад е најкрвав од сите досегашни.
Инаку, земјата од 2018 година бележи континуиран раст на бројот на анапди врз цивили и војници. Стотици луѓе се убиени, а повеќе од 1,2 милиони се раселени, велат од УНИЦЕФ.
Затворени се повеќе од 2.200 училишта со што се погодени повеќе од 300.000 деца.