Најголем број слободни работни места во услужните дејности и продажба

Фото: Б. Грданоски

Во третото тримесечје од 2020 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.69 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем број слободни работни места, односно 3.227 има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.69 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала стапка од 0.17 % бележат секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.44 отсто.

Податоците на ДЗС Источниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.11 проценти.