Најдолгата гондола на светот, на Златибор, ги поврза српската власт и опозиција?!


Најдолгата гондола во светот, која го поврзува Златибор со туристичката локација Торник, беше пуштена во употреба пред неколку дена, а денеска таму присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Кабините поминуваат над вештачко езеро, скијачки патеки, ливади и шуми и нудат прекрасен поглед од височина.

Проектот кој чини 13 милиони евра, е изграден со заслуга на опозиционерот лидер на Здрава Србија, Милан Стаматовиќ, па новинарите не пропуштија да го прашаат српскиот претседател дали тоа значи дека ги измазниле ставовите со опозицијата, со оглед на тоа што тој денеска е во посета на гондолата.

Вучиќ рече дека такви заклучоци се бесмислени и дека тој дошол заради важноста на проектот.

„Ние разговаравме за прокети кои се важни. Нему му е важна Чајетина и Србија, мене ми е важна Чајетина и Србија и нормално – разговараме. Денеска можевте да видите можеби 20-30 луѓе кои ме поддржуваат мене повеќе од Милан и можеби стотина кои можеби повеќе го поддржуваа Милан отколку мене и сите аплаудираа на исти работи“, рече Вучиќ, пренесе Б92.

Според него, луѓето сакаат исти работи, а тоа е да живеат подобро, да им биде полесно, и не ги интересираат политичките партии поединечно.

Целта е ова туристички локалитет е да добие атракција плус и олеснителен пат за скијачите на падините на Златибор. Изградбата на панорамската гондола траеше 5 години, а ја градеше француски подизведувач по светски безбедносни стандарди. Има капациете од 600 патници на час со 55 гондоли со 10 патници. Билетите за возрасни за домашни туристи чинат 1.000 динари (500 денари) и 250 денари за деца.

Преубавите падини на златен бор, по кој оваа планина го добила името, мамат воздишки од секој турист.Чудотворна клима, мешање на планинскиот и морскиот воздух ја прават оваа планина воздушна бања.

На почетната станица од гондолата „Голд“ се гради и најголемиот авантуристички паркна Балканот, кој ќе понуди рекреативно-забавни содржини во автентичен златиборски амбиент, пишува Информер.

Меѓустаницата на гондолата е позиционирана на неколку километри од Златиборската населба, кај Рибничкото Езеро. На овоаа локација со мастер планот предвидена е изградба на Златниот град – центар за здравствен и спортско-рекреативен туризам.

Завршната станица, планинскиот центар Торник оддалечен е од центарот на Златибор 7 км и претставува место полно забава и уживање. На Торник има можност за уживање во живописниот пејзаж и поглед на сите четири страни од светот.

Пред изградбата на оваа гондола, најдолга гондола на светот беше таа во парк во Кина долга 7,4 километри.