Нафтената индустрија на Србија поднела барање за бришење од листата за санкции на САД

Нафтената индустрија на Србија (НИС) објави дека поднела барање до Министерството за финансии на САД за отстранување на НИС од списокот СДН (Specially designated Nationals).
Бидејќи процесот на бришење е долг, НИС, додека чека одговор, поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за продолжување на првичната специјална дозвола, која беше издадена на 26 февруари и важеше до 28 март годинава. Целта на ова барање е да се одложи целосната примена на санкциите против НИС надвор од рокот наведен во дозволата, поточно 28 март. Сите горенаведени активности треба да овозможат непречено функционирање на НИС до моментот на отстранување од листата на СДН, се вели во соопштението на компанијата.
Приоритети на Друштвото во овој момент остануваат редовното снабдување на домашниот пазар со сите видови нафтени деривати, одржување на редовното работење и грижа за вработените, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови околности кои можат да влијаат на работењето на Друштвото, се заклучува во соопштението.