Над милион денари за дел од обиколница во Неготино
Над милион денари општински пари се инвестирани за дел од обиколница во Неготино, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа.
– Согласно програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Неготино за 2024 година, во изминатиот период беа изведени градежни активности за изградба на дел од улицата 5 ( обиколница Дојранска ) – крак на улицата ,,Станко Франц Пипан”, што финишираа со асфалтирање на улицата, соопштија од општинската Служба за информирање.
Оттаму појаснија дека вкупната вредност на проектот изнесува 1.179.000 денари со вклучен ддв, средства обезбедени од буџетот на Општина Неготино.