Набљудување на две комети вечер од Козјак


Скопското астрономско друштво, ги кани сите заљубеници во астрономијата, вечерва на козјак, каде ќе постават телескоп и ќе може да се набљудуваат кометите Лемон и Свон.
 
Скопското астрономско друштво ќе постави телескоп во близина на ресторанот „Аурора“ кај браната Козјак, на околу 40 километри јужно од Скопје. Телескопот ќе биде поставен на приближно 100 метри западно од ресторанот. Линк до локацијата каде ќе биде поствен телескопот:
 
Набљудувањето ќе започне во 18 часот.
 
Кометата Лемон (C/2025 A6) ќе може да се гледа до околу 20 часот, додека
Кометата Свон (C/2025 R2) ќе остане видлива до приближно 21 часот.
 
Од Скопското астрономско друштво апелираат сите што планираат да одат, да ги остават возилата во близина на ресторанот, а потоа пешки да се упатат до телескопот.
 
„Светлата од автомобилите би пречеле при набљудувањето. Во близина на телескопот избегнувајте користење светла и мобилни телефони, бидејќи тоа го нарушува гледањето низ телескоп. Понесете топла облека, бидејќи локацијата е на над 1000 метри надморска височина, а температурите вечерва ќе бидат само неколку степени над нулата“, велат од таму.