На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на сметката на Црвениот крст ги уплатил парите што студентите ги донирале на собирите организирани вчера и завчера за помош на семејствата на жртвите и на повредените во пожарот во Кочани.
УСС на УКИМ на Фејсбук попладнево објави копија од уплатени 415.724 денари на сметката на Црвениот крст – Фонд за солидарност.
-Во интерес на транспарентноста, ве известуваме дека средствата во висина од 415.724 денари собрани на собирите одржани на 17 и 18 март во организација на УСС-УКИМ, се уплатени на сметката на Црвениот крст, во Фондот за солидарност, како помош за настраданите во трагедијата во Кочани, објави студентската организација.