На полноќ, пожарникарите спасиле неподвижна жена од куќа што горела
Куќа на два ката во селото Миравци ја зафати пожар синоќа по полноќ. Во куќата живеела неподвижна стара жена, а пожарникарите од Гевгелија интервенирале од 00:14 до 2:10 часот по полноќ.
Запалената стара куќа на два ката се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во селото Миравци. Првиот кат од куќата бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижната стара жена.
Жената била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување.