На планината Папук се смрзнале двајца мажи од околината на Пожега


 

Двете смрнати тела, кои вчера беа пронајдени на планината Папук во Славонија Хрватска, се на двајца мажи од околината на Пожега.

Како што објавија хрватските медиуми се работи за мажи на возраст од 26 и 38 години.

ДВете тела се однесени на обдукција во општата болница во Бјеловар.

Иако, првично се мислеше дека можеби се работи за мигранти, сепак истрагат покажа дека се работи за мажи кои живееле во околината на Велика.

Тие неколку дена биле на планината.