На инфективните оддели во земјава се лекуваат 589 пациенти со Ковид-19


Фото: Б. Грданоски

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 18, во ковид – центарот во Гостивар 15, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани тројца, во Кичево осум, Кавадарци 18, во Гевгелија осум лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 589 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.