На Гостиварец му се слошило во Старата скопска чаршија и починал
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 01.25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Стара скопска чаршија констатирале смрт без видливи траги на насилство кај машко лице.
„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за А.Т.(58) од с.Чегране, гостиварско. Според пријавеното, додека се движел со негова познаничка му се слошило, по што паднал и починал“, информираат од полицијата.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.