На Британците им се препорачува помалку да јадат и да слабеат заради ковид


Помошничката на британскиот министер за здравство Хелен Вотли изјави денеска дека Британците мораат помалку да јадат за да ја намалат телесната тежина.

Таа смета дека тоа е неопходно бидејќи вишокот килограми го зголемува ризикот од смртни случаи од новиот коронавирус.

Според Вотли, оние со индекс на телесна маса од над 40, имаат двојно поголема опасност да починат од Ковид-19.