На 40-годишна жена ѝ се слошило и починала на патот кон болницата
Синоќа во 21.39 часот во СВР Скопје, од поликлиника „Ѓорче Петров“ било пријавено дека кај нив била донесена почината И.Л.(40) од с.Радуша, скопско, на која, според пријавеното, и се слошило додека била дома и на пат кон покликлиниката починала.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.