На 22.000 германски компании им се заканува клуч на врата поради несолвентност


 Германската индустриска и трговска комора (ДИХК) бара реформи поради зголемениот број на барања за стечај.

Бројот на барања за стечај минатиот месец е зголемен за 10,4 отсто во споредба со септември 2024 година. Во јули 2.197 компании повеле постапка за несолвентност, што е 13,4 проценти повеќе во однос на истиот месец од минатата година.

Се проценува дека доверителите во јули од компаниите во стечај барале 3,7 милијарди евра, додека во јули минатата година барале 3,2 милијарди евра.

Најпогодени се компаниите во секторите за транспорт и складирање. Зголемувањето на бројот на банкротирани компании беше очекувано со оглед на тоа што помина владината поддршка воспоставена за време на пандемијата на коронавирусот. Покрај тоа, високите цени на енергијата, бирократијата и политичката неизвесност придонесоа за зголемување на бројот на банкроти.

ДИХК не очекува подобрување во наредните месеци.

– Падот на извозот, особено во САД, падот на индустриското производство и забавувањето на економијата – ништо од ова не е добро за Германија како место за водење бизнис, изјави главниот аналитичар на ДИКХ, Фолкер Трајер.

Тој очекува дека во текот на годината повеќе од 22.000 компании ќе бидат затворени поради несолвентност. Трајер повика на реформи за подобрување на условите за работење.

– Итно треба да ги намалиме трошоците за енергија и работна сила, како и високите даночни и бирократски оптоварувања, нагласи Трајер.

Додека според Здружението на стечајни управници и доверители во Германија (ВИД) бирократијата не е главната причина за несолвентност. Претседателот на ВИД, Кристоф Ниринг оцени дека причината е комбинација од промени во однесувањето на потрошувачите, нерешено прашање на наследување, надворешни фактори, нарушувања во синџирот на снабдување и погрешни стратешки одлуки.