(Фото од местото) МВР со детали за убиството во Капиштец


Убиство во казино во Капиштец (Фото: Б. Грданоски)

Оградено со полициски ленти е утрово казиното во скопски Капиштец каде двајца познаници играле на апаратите, а едно лице пукало во друго и го убило.

– Во 08.05 часот во СВР Скопје пријавено е дека во казино лоцирано на бул.„М.Т.Гологанов“ едно лице пукало во Н.А. (46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти полицијата.

Жителите од околните згради, во густо населениот Капиштец велат дека се вознемирени. Тие слушнале гласни звуци и истрели, па се прашувале што се случува.