МВР постапува по случајот во кој две лица се закануваат во автобус на ЈСП
Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека постапува по случајот во кој две лица во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие им се закануваат на останатите патници кои побарале од нив да ги стават заштитните маски на лицето.
На социјалните мрежи денеска беше објавено видеото на кое се слуша како двете лица им се закануваат на останатите патници.
Засега не се знае за кој автобус на ЈСП се работи и на која релација се движел.
„Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима!“, стои во објавата на Твитер.
Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима! #ПодМачБато pic.twitter.com/TqDsXilg8s
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 8, 2021